Измени на Законот за МНР за подобра дипломатска служба

Од:

Воведување систем на кариера во дипломатијата, задолжително познавање на одредено ниво на англискиот јазик со доставување одреден сертификат и на уште еден странски јазик, како и воведување систем на оценување и отчетност за работата на дипломатите, се дел од измените кои се предвидуваат во Законот за надворешни работи. Услов за вработување во Министерството ќе биде и нечленување во орган на политичка партија на централно ниво.

Како што образложи министерот за надворешни работи Никола Попоски пред собраниската Комисија за надворешна политика, целта на измените е да се подобри развојот на дипломатската служба, којa е нашата лична карта во странство.

Системот на дипломати од кариера ќе се изврши преку изземање на вработените од МНР од Законот за државни службеници, при што додаде, се има предвид специфичниот караткер на работата на дипломатите и се врши усогласување со рефернтните практи во ЕУ и во врвните дипломатии во светот.

– Клучната цел е да воспоставиме одреден стандард во кој ќе го засилиме квалитетот на дипломатското претставување во светот. Во модерната дипломатија веќе англискиот јазик е воспоставен и сметаме дека тоа треба да биде услов без кој не се може за натамошен развој на овој систем и поаѓаме од почетната позиција дека дипломатите се лицето на нашата земја надвор и дека мора да обезбедиме определно ниво на познавање кое ќе им ја олесни работата и кое ќе ни овозможи подобро да бидеме претставени, рече Попоски.

Во делот на квантифицирање на работата на дипломатите, Попоски посочи дека станува збор за воспоставување систем во кој би се дефинирале определени цели кои треба да се постигнат во политичкото дејствување и претставување на земјата, покрај на економското делување за што вели, втора година во тек е пилот проект.

– Сакаме на овој начин за најуспешните да обезбедиме определени награди и позитивна стимулација, но и укажувања доколку се покаже недоволна активност во одредени ДКП-а за да имаме поттик за опредена корекција во догледно време, рече министерот Попоски.
Претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски го поздрави воведувањето систем од кариера во дипломатијата, одредбите со кои во рок од 60 дена од враќањето од дипломатска служба во земјата дипломатот е обврзан да поднесе извештај за својата работа пред претседателот на државата, ресорниот министер и пред оваа комисија, како и задолжителното познавање на англискиот за вработување во МНР и упатување на дипломатска служба.

– Овој критериум иако ќе бара дополнителни напори за негова примена во самото Министерство, иако ќе одзема време, е мнгу добар бидејќи дава еднакви правни можности на секого да се истакне според квалитетите. Од моето искуство како министер можам да посведочам дека не секогаш и сите дипломати совесно го преземтираа податоците за степенот на познавање странски јазици. Сега со овие норми ќе се анулира или сведе на минимум можноста за каква било манипулација со поседувањето на тие вештини потребни вршење на дипломастката служба, рече Милошоски.

Со него во делот на познавање на англискиот јазик се согласи и Лилјана Поповска од ДОМ, според која, на овој начин ќе се избегне да се провлекуваат.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов