Изменет сообраќаен режим викендов во Скопје

Од:

Денеска после 20 часот, како и на 10 и 11 август (сабота и недела) на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ ќе се изведуваат градежни работи, па Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен сообраќаен режим.

Како што јави МВР, сообраќајот по улицата „Димитрие Чуповски“ во насока на движење од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува лево и десно по булеварот „Свети Климент Охридски“, а сообраќајот по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува право по улицата „Свети Кирил и Методиј“ и лево по улицата „Костурски херои“.

Дополнително, како што јави Министерството, утре и задутре во периодот од 14 до 22 часот ќе се одржи Европско атлетско екипно првенство на национална арена „Тоше Проески“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што за сообраќај ќе биде затворена улицата позади западната трибина на националната арена „Тоше Проески“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

МВР: Значително намалување на бројот на жртви во сообраќајот во 2022, нова кампања за безбедност на пешаците

Семафорите во центарот на Скопје утре нема да работат

А1он

Железарци ги засилуваат протестите до надлежните: Запрете го возачкото дивеење на „Коце Металец“

Жарко Настоски