Изманик излажал старец во Скопје и му ја украл пензијата

Од:

Осумдесетипет годишен старец бил измамен од страна на непознато лице, кое му ја одзело целата пензија под изговор дека била направена грешка во банката од каде старецот ги подигнал парите.

„Вчера во полициска станица Гази Баба Љ.М.(85) од Скопје пријавил дека околу 09.15 часот на улица “Маџари” од страна на непознат сторител извршена му е измама, со што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 18.300 денари“, информираат од МВР.

Измамникот ги зел парите и му рекол на старецот да го почека за да ја поправи грешката во банката и дека ќе се врати, но тој не се вратил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

СДСМ: Нова програма за европска иднина: Просечна пензија од 500 евра

Горан Наумовски

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска