Измамник преку Фејсбук се претставувал како адвокат и ограбил скопјанка

Од:

Триесетитригодишен скопјанец на Фејсбук лажно се претставувал како адвокат и ограбил шеесетгодишна жена, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на февруари 2022 година, пријавениот, користејќи група на социјалната мрежа Фејсбук, измамил 60-годишна жена од Скопје дека е адвокат, при што за наводна правна услуга против нејзиниот поранешен работодавач, во три наврати ја навел да му исплати 28.500 денари“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена