Измамници ограбиле родители на болно момче кое требало да се лекува во странство

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(33) од Струга и С.Ш.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „помагање при вршење на измама“.

Во периодот од 21.11.2024 до 17.12.2024, пријавените измамиле двајца сопружници од Струга и им причиниле материјална штета од 229.000 денари. Тие стапиле во контакт со нив преку социјална мрежа и, претставувајќи се лажно како лица кои сакаат да донираат парични средства за лекување на нивниот болен син во странска земја, во неколку наврати им побарале да испратат одредена сума на пари за да може средствата кои наводно сакаат да ги донираат да се ослободат од даночните обврски.

Oткако неколку пати испраќале пари преку автопревозници во Скопје, од сопружниците било побарано да им ги пуштат кодовите за активирање на трансакциските сметки, а откако ги дале кодовите, во наредните неколку денови имале повеќе приливи и одливи од нивните сметки.

После тоа, на сметката на оштетениот легнале пари од повеќе финансиски друштва, иако не побарал од ниту едно финансиско друштво да му биде одобрен кредит.

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра