Измамничка „олеснила“ жител на кочанско – земала брзи кредити на негово име, а тој не знаел

Од:

28-годишен жител на кочанско село бил измамен од страна на жена што ја запознал преку Фејсбук, соопшти полицијата. Жената, од која единствен контакт на измамениот му е нејзиниот ФБ-профил, успеала да го прелаже да ѝ довери негови лични податоци, а потоа ги искористила за да земе два брзи кредита на име на жртвата, соопшти полицијата.

„На 09.06.2021 во 12.30 часот во ОВР Кочани, 28-годишен жител на село од општина Зрновци пријавил дека на 07/08.06.2021 бил измамен за сума од 76.500 денари од лице со кориснички фејсбук профил М.И.“, се вели во полициското соопштение.

„Според пријавеното, женското лице успеало да ги обезбеди неговите лични податоци и податоците за неговата транскациска сметка и без негова согласност во два наврати аплицирала за брзи кредити во негово име. Исто така, според пријавеното, кога пристигнале парите на негова сметка го довела во заблуда дека парите ги испратиле нејзини роднини од странство, по што ѝ ги предал“, велат од полицијата, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО