Измамен штипјанец при купување огревно дрво

Од:

Штипјанец вчера е измамен при купување огревно дрво. Шеесет и двегодишниот М.С од Штип за само два месеца е третата жртва на ваков вид измами во источниот дел на земјава. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова денеска информираше дека штипјанецот М.С е измамен вчера, кој пријавил дека околу 11.30 часот во неговиот двор на улицата „Солидарност“ непознато лице му понудило да купи огревни дрва по цена од 2.400 денари по кубен метар.

-Пријавителот М.С. платил 14.500 денари за дрвата на непознатото лице, кое заминало и отишло по камионот со дрвата кој наводно бил во населбата „Баби“ во Штип. По кратко време М.С. увидел дека е измамен, односно не добил дрва, ниту пак непознатото лице му ги вратило парите, вели Панајотова.

Во изминатите две месеца на сличен начин беа измамени и двајца граѓани во Штип и Кочани. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му