Изложба на фотографии и документи „Победата над фашизмот. Како се постигна”

Од:

Во Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје денеска беше отворена изложбата „Победата над фашизмот. Како се постигна”, во организација на Руската амбасада.

Амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербаг на оворањето на изложбата истакна дека таа претставува почит и спомен кон сите учесници во борбата против фашистите за слободата на човештвото.

– Поголемиот дел на фотографии и документи се посветени на општеството на Советскиот сојуз од втората светска војна. Историската вистина е тоа што народите на Советскиот сојуз го носеле најглавниот товар во борбата против Хитлеровата Германија, нагласи Шчербаг.

Во борбата против фашизмот, рече Шчербаг, се приклучија повеќе народи меѓу кои и македонскиот народ. Подвигот на сојузниците во борбата против фашизмот, потенцира Шчербаг, засекогаш ќе остане во благодарната меморија на сите Руси.

На изложбата беше презентиран документарен филм снимен 1943 година кој, како што кажа организаторот, потполно ја отсликува таа атмосфера која била во заедничката битка против фашизмот.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза