Изложба на Државниот архив по повод 70-годишнината од победата над фашизмот

Од:

„Обединети сме посилни“ е темата на изложбата која денеска беше отворена во Музејот на македонската борба за државност и самостојност по повод 70-годишнината од победата над фашизмот, во организација на Државниот архив на Република Македонија.

В.д. директорот на Архивот Филип Петровски рече дека оваа изложба има големо значење и симболика за Македонија, Европа, но и за целиот свет.

– Постојат настани во историјата што имаат значење за целото човештво. Во дваесеттиот век таков настан беше победата над фашизмот. Во знак на 70 години од овој јубилеј од победата на антихитлеровската коалиција над нацизмот ќе ја проследиме и оваа изложба насловена „Обединети сме посилни“, истакна Петровски.

Изложбата, рече тој потсетува на тоа како се постигнала победата над фашизмот каде клучен фактор било обединувањето на сите сили во борба за најважните идеали во човештвото – слободата и хуманизмот.

Амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак потсети дека кога пред 70 години на човештвото му се случило зло, народот бил заедно и бил посилен. Сите ние заедно, рече Шчербак, ја донесовме победата против нацистите кои на светот му носеа смрт.

– Треба да знаеме дека за да имаме светла иднина, треба да знаеме за трагичното минато, истакна Шчербак.

На изложбата беа претставени плакати со антинацистичка пропаганда, фотографии од војниците на Антихитлеровата коалиција како и фотографии од мировните конференции односно средбите на големите светски лидери од тоа време.

Пропагандните плакати и фотографиите се од периодот 1941 – 1945 година.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза