По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје денеска ќе ја организира традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.
Изложбата ќе биде отворена денеска со почеток во 10 часот во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“. Децата од градинките ќе изработуваат честитки и цртежи за мајките и жените.
Организаторот соопшти дека како и секоја година на манифестација ќе има гостинка, која е мајка и сопруга и ќе раскажува за нејзината работа и професија.