Изјавите на словачкиот претседател Петер Пелегрини при посетата на Скопје во врска со патот на земјава кон ЕУу препереките во евроинтеграцискиот процес ја налутија Софија. Амбасадрот на Словачка бил повикан во бугарското Министерство за надворешни работи.
Софија е длабоко разочарана што е земја-партнер која си дозволува да ја поттикнува контрапродуктивната реторика на владата на Република Северна Македонија, која постојано бара некого да го обвини за недостатокот на напредок во нејзиниот процес на европска интеграција.“ Парванов нагласи дека „таквиот став не е во интерес ниту на стратешката визија на ЕУ за регионот, ниту на граѓаните на оваа земја-кандидат, велат од МНР на Бугарија.
– Бугарија ја потсети Словачка дека напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ зависи исклучиво од нејзините сопствени заслуги во процесот на исполнување на утврдените критериуми и постигнатите договори, објави БГНЕС.
-Амбасадорот на Словачката Република во Софија, Васил Гривна, беше повикан на состанок во Министерството за надворешни работи во врска со ставот на претседателот Петер Пелегрини, изразен за време на неговата посета на Северна Македонија и „неприфатливите проценки“ дадени за процесот на европска интеграција на земјата.
Генералниот директор за европски прашања, Јордан Прванов, му го пренесе ставот на Бугарија на дипломатот. „Изразуваме длабока збунетост од ставовите изнесени од претседателот Пелегрини, кои во пракса ја оспоруваат валидноста на Европскиот консензус од јули 2022 година, усвоен од сите земји-членки на ЕУ, вклучително и Словачка.