Изјава на претседателскиот кандидат Арбен Таравари

Од:

Кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари, во придружба на потесното семејство го оствари правото на глас на избирачкото место во ООУ „Единство-Башкими“ во Гостивар.

– Чест и задоволство е со моето семејство да гласаме, што ни е граѓанска должност. Посебно задоволство е што малиот син првпат гласа оваа година. Мојата порака до сите е овие избори да бидат фер и демократски и да победи подобриот. Ние секој резултат ќе го прифатиме. Атмосферата е добра, има ентузијазам и гледам дека граѓаните масовно излегуваа, што е добар знак за опозицијата, изјави Таравари.

На новинарско прашање за текот на изборниот процес и информации за попречувања, тој кажа дека има и во изборниот штаб се процесуираат.

– Мислам дека не е сега моментот да се кажуваат тие неправилности. Навикнати сме на тие притисоци, купувања на гласови за коишто веќе има и видео-снимки. Меѓутоа тоа ќе ги објави нашиот штаб и веќе се известени сите релевантни институции во земјата и меѓународните претставници во Македонија, посочи кандидатот за претседател, Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

(ВИДЕО) Гаши: Во идната влада, „Влен“ е гаранција за уставните измени

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски