Изготвен безбедносен план за Мијалков во затворот во Скопје

Од:

Притвореникот Сашо Мијалков се наоѓа во истражниот затвор Скопје до правосилноста на пресудата, а каде ќе ја издржува затворската казна зависи од судијата за извршување санкции, изјави денеска Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции.

Апсолутно ве уверувам, истакна Спасовски, дека во овој момент можеме да му ја гарантираме безбедноста и на Мијалков и на сите осудени и притворени лица.

– Изготвен е безбедносен план конкретно за притворениот Сашо Мијалков, за негово движење, конкретно за шетањето и се запазени сите безбедносни протоколи и стандардни оперативни процедури за да не дојде до каков било инцидент, изјави Спасовски, кој денеска заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски извршија увид во текот на попишувањето во Казнено-поправната установа К’шање, Кумановско.

Директор на Управата за извршување санкции, Спасовски информира дека во овој момент нема позитивни лица на Ковид – 19 во ниту еден затвор, ниту пак има суспектни на коронавирус.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Јавното обвинителство не се согласило со условен отпуст за Сашо Мијалков

ВИДЕО: Целото видео на Сашо Мијалков со џет сетот во хотел во Монако

А1он

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник