Изгорениот автобус бил стар 14 години, МВР не кажува дали бил репариран

Од:

Министерството за внатрешни работи за „А1он“ кажа дека изгорениот автобус бил произведен во 2007 година. „Беса транс“ првпат го регистрирале во Скопје во 2020 година. Автобусот бил стар 14 години.

„Предметниот автобус со регистарска ознака SK 0284 BA за прв пат е регистриран во Скопје на 15.10.2020 година во сопственост на БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ. Важност на регистрацијата е до 13.10.2022. Возилото е произведено во 2007 година“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР не одговорија на прашањето дали при техничкиот преглед утврдиле дека автобусот е репариран.

Бугарските медиуми вчера пренесоа изјава од обвинителите дека автобусот е стар едвај три години, а и нашиот јавен обвинител Љубомир Јовески изјави дека автобусот е стар неколку години.

„Да напоменам дека се работело за ново возило, неколку години старо. Во текот на октомври бил извршен технички преглед на ова возило. Овие околности ги проверуваат македонските надлежни органи ќе ги достават до јавните обвинители на Бугарија“, изјави обвинителот Јовески вчера за бугарската национална телевизија БТВ.

Експертите веднаш реагираа на ваквата информација и образложуваа дека автобусот е најверојатно репариран, бидејќи тој модел се произведувал до 2008 година.

Би можело да ве интересира

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

За несреќата надлежно е бугарското обвинителство, овој предмет е за фалсификување на исправата, вели обвинителот во предметот „Беса Транс“

Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса Транс“

Горан Наумовски

Пресудата за случајот „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март

А1он

Пресудата за „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март

Завршни зборови за „Беса Транс“ на 17 јануари

A1on