Изгласани измените на Кривичниот законик – се наѕира слободата на дел од обвинетите

Од:

Со 63 гласа „за“, 1 „воздржан“ и без дискусија, пратениците во Собранието ги изгласаа измените на Кривичниот законик.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и претходно најавија дека нема да учествуваат во расправата за Кривичниот законик и ја напуштија собраниската сала кога оваа точка дојде на дневен ред.

Во измените на Кривичниот законик не е вметнат членот 353 кој се однесува на злоупотреба на службена положба, а кој претходно пратениците од владејачкото мнозинство со обидоа да го протнат. Овој член е поврзан со најголем дел од обвинетите кои се гонат од СЈО и под притисок на јавноста беше тргнат од предлогот за измени на законот.

Остана членот 275-в кој се однесува за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно-приватно партнерство, а кој е поврзан со кривичните дела за кои се товарат Сеад Кочан и Василије Авировиќ.

Со измените на Кривичниот законик кои сега ќе стапат на сила се воведува и ново кривично дело „попречување правда“, а клучните измени се однесуваат на кривични дела сторени од омраза. Предлогот е доставен од пратениците Артан Груби, Снежана Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска, Весел Мемеди и Реџеп Мемеди.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието