Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д

Од:

Собранието денеска изгласа законски измени со кои треба да се овозможи забрзана изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, со решенија со кои се уредува начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата.

На продолжение на 22. седница, со 64 гласа „за“ беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола), по скратена постапка, на предлог на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во текот на изградбата односно спроведувањето на Проектот се наметна потребата од уредување и на начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата што претставува претходен неопходен елемент со цел непречено и забрзано спроведување на Проектот кој е од јавен интерес односно изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10 д, стои во образложението.

Со членот 1 се врши допрецизирање на начинот на обезбедување на финансиските ресурси и плаќањето за обезбедените услуги и работи за спроведување на проектот. Се допрецизира членот 5, во смисла на прецизирање на алокацијата на средствата потребни за извршување на работите поврзани со експропријацијата неопходна за спроведување на изградбата на коридорите 8 и 10д, односно дека исплатата ќе се врши на Инвеститорот во форма на трансфер преку Министерството за транспорт.

На денешната седница беше изгласан и за Законот за гаранција од државата на обврските по Финансискиот договор за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициска банка и Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје, во државна сопственост, по скратена постапка. Предложените одредби се направени со цел обезбедување целосно и успешно завршување на градежните активности на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија“.
Со склучување на амандмани на Финансискиот договор, на Договорот за гаранција и на Договорот за грант со ЕИБ ќе овозможи средствата обезбедени од Европската инвестициона банка и од Инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ, да бидат достапни за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија“.

Собранието го усвои и Законот за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, по скратена постапка, со кој се воспоставува нов начин на известување за финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, се основа Совет за внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, како советодавно тело на министерот за финансии и се создава основа за донесување на подзаконските акти во рок од 18 месеци.

Изгласани беа и законите за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, на Законот за јавна чистота, на Законот за комуналните дејности, на Законот за гробишта и погребални услуги, со усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Прифатени се и предлозите за разрешување на членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување Игор Ивановски, Сулејман Ахмети и Александра Кокаровска, како и членот на Регулаторната комисија за домување Ќемал Ќамили.

Во тек е пауза на барање на координаторот на СДСМ Оливер Спасовски, кој упати процедурална забелешка откако беше отворена општата расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

Би можело да ве интересира

Николоски: До крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација за патните делници од коридорите 8 и 10д

Тунелот да го гради еден изведувач, постигнати почетни договори за пругата кон Бугарија

ДУИ: Целосното ретерирање на Владата за Коридорот 8, ја потврди чистотата на проектот

Катерина Ѓуровски

Ќе биде блокирана експропријацита за коридорите 8 и 10 ако не се исполнат барањата на правобранителите

ДУИ: Партиите кои денес се фалат со Коридорот 8 до вчера го критикуваа

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски