Изгласани измените во Изборниот законик

Од:

Со 92 гласа “за“, 3 “против“ и 1 воздржан, Собранието ги изгласа измените во Изборниот законик.

Рафиз Алити од ДУИ рече дека со измените се врши криминал, бидејќи на граѓани ќе им се ускрати загарантираното право на глас.

И за Павле Трајанов Избирачкиот список не овозможува фер избори, бидејќи рече дека реално во Македонија нема повеќе од милион и петстотини илјади гласачи.

Еве што стои во договорот во однос на Избирачкиот список

1. Изборниот законик ќе се промени до 22 јули

2. Во поглед на Анекс А подготвен од ДИК од споредбата на податоци, 171.500 личности ќе бидат ставени на дополнителниот дел од избирачкиот список и нивното право на глас не се спори.

3. Во поглед на Анекс Б подготвен од ДИК од споредбата на податоци, 39.502 личности ќе бидат објавени од ДИК 3 дена по промените на Изборниот законик.

а. Податоците ќе се објават и споменатите личности ќе можат да потврдат на ДИК дека треба да останат на избирачкиот список во тек на следните 25 дена.

б. Сите личности од Анекс Б можат да покренат електронска верификација во согласност со членовите 48-51 од ИЗ или лично во подрачните канцеларии на ДИК.

в. Три или повеќе члена на ДИК можат да побараат дополнителна проверка за било кое име. Во таков случај, тие членови можат да побараат личноста да се појави лично ако живее во земјата или преку видеоконференција ако живеат во странство. Овие проверки ќе траат дополнителни 10 дена по 25-дневниот период.

г. Тие личности кои нема да се пријават нема да бидат вклучени во избирачкиот список. Тие ќе имаат можност да се пријават во ДИК во тек на јавниот увид пред изборите.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски