Изгласан законот за специјално јавно обвинителство

Од:

Со 111 гласа „за“ пратениците го изгласаа предлог-законот кој овозможува формирање на јавно обвинителство што ќе ги истражува наводите од прислушуваните разговори. По ова следи расправа во парламентот за специјалниот јавен обвинител, кој треба да биде денеска предложен и изгласан.

Во 18.00 часот претседателот на парламентот, Трајко Вељановски, ќе одржи координација со пратениците, по што ќе следи заседавање на комисиите за мандатно имунитетни прашања и законодавно правната комисија. По комисиите парламентот ќе гласа за Катица Јанева како јавен обвинител за гонење на криминалот од прислушуваните разговори. Откако Собранието ќе го изгласа предлогот, вечерва по истиот ќе одлучува Советот на јавни обвинители.

Дебатата за законот се вжешти откако на пратениците им се обрати пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов. Ова не е крај, рече тој, туку почеток на крајот.

-Допрва ќе престојат предизвици за да се исполнат стандардите и условите во изборниот закон и медиумите. Овој закон е повеќе од она што можеа многу да очекуваат. Не се бираат поединци или број на обвинители, туку се бира посебен орган, обвинителство за гонење на кривични дела. Начинот на избор на јавниот обвинител ја гарантира неговата незавиност – рече Шилегов.

Како што беше предвидено, при изгласувањето на законот беше испочитувано бадинтеровото правило кое се утврдува со двотретинско мнозинство во парламентот. Шилегов при тоа посочи дека предмет на законот е незаконското прислушување од 2008 до 2015 година, но дека специјалниот јавен обвинител не е ограничен на аудио-снимките и транскриптите веќе поднесени до јавното обвинителство.

-СДСМ ја охрабрува Катица Јанева смело и бескомпромисно да ја започне својата мисија за расчистување на криминалот – порача тој.

Изгласувањето на законот го поздрави и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

-Собранието носи закон по повеќе месеци манипулации и лаги. Сите аспекти ќе бидат ставени во правна и формална рамка и разрешницата на овие манипулации ќе ја видиме многу наскоро. Време е да се крене маглата и да завршат сите лаги. Овој закон дава добра можност да се расчисти политичката пропаганда и да се овозможи да се дознае вистината. Прифаќањето на овој закон значи чекор поблизу до нови вонредни парламентарни избори каде граѓаните ќе го дадат својот политички суд – рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Избор на нов обвинител на ОЈО Скопје: Бубевски повторно во трка

Горан Наумовски

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања