Изгаснати два пожари, во Делчево и Штип

Од:

Во два одвоени пожари кои избувнале вчера во Делчевско и во Штип горела борова и дабова шума и нискостеблеста трева. Повредени нема, причинети се само материјални штети.

Првиот пожар, како што информира МВР, избувнал вчера околу 11 часот кај местото викано „Цветков чукар“ во делчевското село Нов Истевник. Горела нискостеблеста дабова и борова шума. На местото излегле екипи од Територијалната противпожарна единица Делчево и Шумското стопанство „Голак“-Делчево, кои го изгаснале пожарот во 15:20 часот.

Со пожарот биле опожарени околу 50-60 декари борова и дабова шума. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево и инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување.

Вториот пожар пак бил пријавен вчера околу 13 часот во Полициската станица во Штип, од вработен во Територијалната противпожарна единица Штип.

Горела нискостеблеста трева до објект на ФК „Три Чешми“-Штип, при што објектот бил целосно опожарен. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он