Издадени уште 2.473 потврди за барање азил

Од:

Во изминатото деноноќие издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.473 странски државјани, од кои 1.526 се од машки пол, 363 се од женски, 507 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 77 деца кои патуваат без родител.

Како што информира МВР, најбројни се државјаните на Сирија-1.382, Авганистан –916 и Ирак-98, додека другите се во помал број.

Од 19 јуни до сега издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 111.361 странски државјани, од кои, 73.697 се од машки пол, 14.888 се од женски, 18.842 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 3.934 деца кои патуваат без родител.

Од нив 82.689 се државјани на Сирија, 13.398 на Авганистан, а потоа следат Ирак-7.293, Пакистан-2.910 Палестина-1.162, Иран-697, Сомалија-670, Бангладеж-661, Конго-371, Нигерија-223, Камерун-178, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-118, додека останатите се во помал број.

Во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда од кои 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера се евидентирани 4 баратели на азил, сите мажи од кои еден повреде). Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута