А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Издадени потврди на 543 странски државјани, најбројни од Сирија

by А1он16/02/2016 - 11:17122
Share0

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 543 странски државјани, од кои 221 од машки и 118 од женски пол, како и на 197 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и седум деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Добивај вести на вибер

Според државјанството, соопшти денеска МВР, најмногу се издадени потврди на државјаните на 198 државјани на Сирија, потоа на 137државјани на Авганистан и на 208 државјани на Ирак.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 15.02.2016 година, издадени  се потврди на вкупно 81.170 странски државјани, од кои 32.402 се од машки пол, 17.580 се од женски и 31.011 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 177 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 39.190, Авганистан 25.531 и Ирак 16.446.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 15.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 15.02.2016 година, до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија)врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15.02.2016 година евидентирани се вкупно 11 баратели  на азил од кои осум мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

azilbegalci

Би можело да ве интересира

Напнатости во Полска: Нов закон за бегалци, зголемени напади врз Украинци

Горан Наумовски21/09/2025 - 14:3821/09/2025 - 15:41

Би-Би-Си: Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина

Горан Наумовски08/08/2025 - 14:13

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

Горан Наумовски05/04/2025 - 20:44

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска31/05/2022 - 14:4331/05/2022 - 14:44

Влада: Преземени првите мерки за прифаќање на украинските државјани

А1он02/03/2022 - 16:28

Заврши престојот во Македонија за уште 43 граѓани на Авганистан

А1он30/11/2021 - 16:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен