Издадени потврди на 316 мигранти од Сирија и Ирак

Од:

Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 316 странски државјани, од кои 111 од машки и 76 од женски пол, како и на 127 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште две деца кои патуваат без придружба на родител.

Според државјанството, потврди се издадени на 264 државјани на Сирија и 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од 1 јануари 2016 заклучно со черашниот ден издадени  се потврди на вкупно 88.644 странски државјани, од кои 35.102 се од машки пол, 19.371 се од женски и 33.951 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 220 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-43.886, Авганистан-26.546 и Ирак-18.209.

Во овој период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во текот на вчерашниот ден, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка