А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Издадени 60.146 потврди на мигранти од почетокот на годинава

by А1он05/02/2016 - 12:1891
Share0

Потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил вчера се издадени на 2.173 странски државјани, а не се поднесени барања за право на азил, соопшти  денеска Министерството за внатрешни работи.

Добивај вести на вибер

Од новоиздадените потврди, 889 се на мажи, 446 жени, 837 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и едно дете кое патува без придружба. Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Авганистан, 855, по што следат државјани на Сирија, 835, и на Ирак, 483.

Од почетокот на годинава до ноќеска на полноќ издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 60.146 странски државјани, а 10 лица побарале признавање право на азил, седум од Авганистан и три од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил  вчера се евидентирани 16 баратели на азил од кои 13 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, една жена, три малолетни деца со придружба на старател и  пет малолетни лица без придружба на старател, се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

migranti

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ16/12/2025 - 15:3016/12/2025 - 15:59

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Катерина Ѓуровски15/12/2025 - 13:02

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

Катерина Ѓуровски15/12/2025 - 11:31

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски14/12/2025 - 16:0614/12/2025 - 16:53

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски14/12/2025 - 15:5414/12/2025 - 16:00

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста

Горан Наумовски14/12/2025 - 14:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен