Издадени 4.501 потврда за намера за поднесување на барање на азил

Од:

Во изминатите 24 часа на 4.501 мигрант им се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на правото на азил.

Од нив,  1.966 се мажи, 889 жени и 1.297 деца кои се придружувани од носителот на потврдата, а 349 се деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните од Сирија (2.121) по што следуваат државјаните од Ирак (1.642) и Авганистан (738).

Од почетокот на издавањето на потврдите, односно од 19 јуни годинава досега се издадени вкупно 313.656 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Најмногу потврди им се издадени на државјаните од Сирија (183.499), потоа на држајаните од Авганистан (75.505), Ирак (33.211), Иран (6.231), Пакистан (5.416), Палестина (2.158), Сомалија (1.276), Бангладеш (1.253), Мароко (1.317), Конго (514), Алжир (453), Либан (434), Нигерија (279)……

До Секторот за азил во изминатите 24 часа поднесено е едно барање на државјанин на Ирак за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Досега се поднесени 83 вакви барања  од кои 55 се од државјани на Сирија, 13 барања од државјани на Авганистан, три од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања се од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир и едно барање од државјанин на Египет.

Во Прифатниот центар за баратели на азил во текот на вчерашниот ден евидентирани се вкупно 20 баратели на азил од кои девет мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, 12 баратели на азил се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори