Во февруари годинава се издадени 226 одобренија за градење што е за 6,6 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.788.919.000 денари што е за 49,2 проценти помалку во однос на февруари лани.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 149 (65,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 36 (15,9 проценти) од нискоградба и 41 (18,2 проценти) за објекти за реконструкција. Од вкупно 226 објекти, кај 143 (63,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 83 објекти (36,7 проценти) деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 353 станови со вкупна корисна површина од 28 626 метри квадратни.