Издадени 2.093 потврди на мигранти

Од:

Вкупно 2.093  потврди се издадени на странски државјани во периодот од 8 часот вчера до осум часот утрово. Од вкупниот број 1.325 се од машки пол, 259 се од женски, 341 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 168 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Најголем број се лица од Сирија-1.830, Авганистан – 102, Ирак-88, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 57.151 странски државјани, од кои 39.194 се од машки пол, 7.798 се од женски, 8.967 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.192 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-46.453, потоа Авганистан-3.156, Ирак-2.622, Пакистан-1.673, Палестина-711,Сомалија-564, Бангладеж-381, Конго-323, Нигерија-196, Камерун-159 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 8 часот вчера до осум часот утрово до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера евидентирани се вкупно 11 баратели на азил, од кои 7 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), една жена и три малолетни лица.

– Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита четворица баратели на азил – еден маж, една жена и две деца од кои едно дете е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДС се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

Пријава за тетовец: Во возило превезувал седум мигранти, меѓу нив и малолетници

Горан Наумовски

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре да влезе во нашата земја

Горан Наумовски