Издадени 1.347 потврди за барање азил за 24 часа

Од:

Во изминатите 24 часа издадени се вкупно 1.347 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Како што соопшти МВР, од нив 921 се од машки пол, 161 се од женски, 179 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 86 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 672, Авганистан 459, Ирак 150, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни 2015 до денеска до 8 часот, издадени се потврди на вкупно 90.774 странски државјани, од кои, 60.490 се од машки пол, 12.284 се од женски, 15.156 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.844 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 71.342, потоа Авганистан 7.624, Ирак 4.904, Пакистан 2.569 Палестина 961, Сомалија 628, Бангладеж 595, Иран-418, Конго 361, Нигерија 221, Камерун 165, Еритреја 163, Етиопија 126, Судан 111, додека останатите се во помал број.

Во период од последното деноноќие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил, вчера евидентирани се пет баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари