Избувна пожар во најголемиот објект во поранешната касарна во Струмица

Од:

Попладнево пред 17:00 часот избувна пожар во најголемиот објект од поранешната касарна во Струмица. Густиот чад може да се забележи од далеку, а досега пожарот целосно го изгоре покривот на објектот.

Според граѓани, кои живеат во близина на поранешната касарна, пожарот избувнал пред 17:00 часот.

-Слушнав сирени од противпожарните и полициските возила и кога излегов видов дека гори најголемиот објект во касарната. Таму некогаш беа сместени повеќе стотина војници и се работи за навистина голем објект. Овој дел на касарната е препуштен на забот на времето и многу граѓани слободно се движат тука, рече Мошо Лазаревски.

Во гаснењето на пожарот учествуваат сите расположиви возила и сили на ТППЕ Струмица, а приодот кон објектот е целосно затворен од страна на полицијата.

На 25 март годинава во пожар во поранешната струмичка касарна изгоре објектот во кој беше сместена регионалната телевизија „ВИС“, а од пожарот големи штети претрпеа конфекциски погон и печатница

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он