Избрзаните предизборни проекти на Арсенчо Алексовски се уриваат како кула од карти

Од:

Како кула од карти му се рушат сите предизборни проекти кои ги започна градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, велат кривопаланчани. Откако повеке од три години буквално ги преспа во градоначалничката фотеља, на крајот од мандатот се зафати со брза реализација на неколку проекти кои заради непрофесионалниот партизиран кадар од вработени во општинската администрација, се случува тоа што се случува.

Најпрвин, велат, се зафати со асфалтирање на 100-тина метри од главната улица од кај стара фурна до стара “Липа” и од тоа што беше поставен многу тенок слој на асфалт на истиот веднаш се појавија пукнатини, потоа следеше асфалтирање на патот Д.Река – Станци каде што на многу места се појавија свлечишта на земјиште кои предизвикаа оштетување на новиот асфалт и попречување на сообраќајот на тој правец.

Започна со изградба на велосипедско-ролерска патека во самиот кеј на Крива Река и со доаѓање на првиот посериозен дожд малку фалеше истата да биде комплетно уништена. Најновиот пример кој може да се види на фотографиите е свлечување на цел рид спроти тениското игралиште и уништување на штотуку ставените столбови-бандери за осветлување.

„Граѓаните се револтирани од тоа кој се се вработени во последните 4 години во општината, од шверцери, криминалци, затвореници и силеџии.Од такви не очекуваме ништо добро и паметно да направат за нашиот град бидејки немаат ниту образование ниту капацитет за да осмислат и реализираат некој сериозен проект кој нема да има вакви тешки последици“, укажуваат од СДСМ Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски