Избрано ново раководство на НСДП Крушево, фокусот на економијата и иселувањето

Од:

Минатата недела 02.07.2017 година општинската организација на НСДП од Крушево одржа изборна конференција на која беа избрани нови раководни органи, односно нови членови на Извршниот и Надзорниот одбор, како и нов Претседател на партиската организација.

За Претседател на општинската организација во Крушево е избран Александар Китановски, кој во своето обраќање пред присутните делегати истакна дека НСДП е присутна во општината уште од основањето во 2006 година, при што од тогаш континуирано се обидува остави сопствен белег на локалната политичка сцена.

„Новото раководство на општинската организација ќе води автентична политика која свовите прироитети ќе ги црпи од локалните проблеми на крушевчани. Имаме исклучително младо раководство, со политички ентузијазам и без било каква проблематична позадина која би значело нивно компромитирање“, рече Китановски.

Зборувајќи за приоритетите со кои НСДП ќе се раководи во своето политичко делување во Крушево, новоизбраниот Претседател на општинската организација го потенцираше проблемот со иселувањето на младите.

„Поголем приоритет нема од спречувањетo на демографското умирање на Крушево. Младите се иселуваат, речиси и никој да не помислува да останае овде, сите млади својата животна перспектива ја гледат некаде на друго место, па дури и надвор од државата. На смртна постела е градот, од 5.500 жители падна на 1.800. 10 години сетоа ова беше премолчувано од страна на поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Преокупирани со партизацијата на државните институции немаа ниту волја, ниту желба да направат нешто за крушевчани. На оваа политика дојде крајот, во Македонија ќе се сврти нова страница“, рече Китановски.

Според него, економските проблеми се главната причина за овој процес на иселување и тоа мора да биде приоритет на сите локални политички фактори.

„НСДП ќе ги искористи сите свои капацитети Крушево да стане место на динамична локална економија која ќе отвора нови и добро платени места. Нашиот фокус нема да бидат само локалните политики, како дел од владејачката коалицијата предводена од СДСМ, како НСДП ќе ги искористиме и сите наши линкови со централната власт, за проблемите на крушевчани да бидат дел од агендата на новата реформска Влада. Проблемите на нашите сограѓани не бараат само локален фокус, туку и национален“, истакнаКитановски.

Со конференцијата претседаваше членот на ИО на НСДП г-дин Петар Шапе. Како гости на истата беа присутни Претседателот на НСДП г-дин Тито Петковски, Потпретседателот на НСДП и пратеник во Собранието г-дин Горан Мисовски и Претседателката на ЖО на НСДП г-ѓа Марија Тодороска.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ