Избрани седум нови судии на местото на приведените во „Јустиција“

Од:

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница делегира седум судии за скопскиот Кривичен суд, во Одделението за прекршоци, по барање на претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски. Тие треба да заменат дел од судиите кои беа приведени во неодамнешната акција „Јустиција“, по што беа разрешени од должноста.

–  Делегирани се седум судии и тоа три судии од Основен суд Тетово, Ивица Николовски, Љупчо Спировски и Садула Изаири, тројца судии од Основен суд Куманово – Бранка Наумовска, Даница Павловска, Јусуф Абдулаќи и еден судија од Основниот суд Неготино – Александра Поп Стефанија, изјавија за МИА од Судскиот совет.

Делегираните судии ќе започнат со работа од 1 ноември 2014 година. Доколку има потреба во овој Оддел ќе бидат делегирани уште двајца судии, почнувајќи со работа од 1 јануари 2015 година.

При делегирањето, како што велат од судскиот совет, се имало предвид обемот на работа во судовите каде што работат, а исто така е земена предвид и околноста – најголем број од судиите се со место на живеење во Скопје, а судската функција ја извршуваат како судии во Основен суд Тетово, Куманово и Неготино.

Во акцијата „Јустиција“ вкупно беа разрешени 14 судии, од кои пет се во пензија, а девет се активни судии. Тие се притворени бидејќи заедно со 11 стручни соработници од Судот за прекршоци во Скопје преку застарување на над 8 илјади предмети го оштетиле буџетот за 1,3 милиони евра во периодот од 2010-та до 2014-та година.

Поради акцијата „Јустиција“, судот привремено функционира со четворица судии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ