Иако се противеше, ВМРО-ДПМНЕ го изгласа предложениот состав на ДУИ

Од:

Со мнозинство гласови, без гласовите на опозицијата, Собранието ги изгласа новите министри и заменици министри предложени од ДУИ.

Иако премиерот Емил Димитриев се противеше за предложениот кандидат за заменик министер за одбрана, Беким Максути бидејќи во униформа на АРМ се поклонил пред споменик на УЧК и заменик министерот за странски инвестиции, Арлинт Зекири бидејќи немал доволно искуство, ВМРО-ДПМНЕ гласаше тие да станат заменици министри.

Спроред пратеничката Солза Грчева недемократски е демократска партија да ја остави одлуката за избор на нови кадри во рацете на претседателот на партија, со што се враќаме децении наназад.

„Вие полагате надеж во младите кадри кои секаде во светот до 30 години учат, потоа се чираци, на крајот стануваат министри. Вас Ахмети толку ве убеди, што веднаш ги прифативте“, рече Грчева обраќајќи се на пратеничката Ермира Мехмети.

Мехмети истакна дека сите кадри се од младинскиот форум на ДУИ кој е активен форум.

„Видете како функционира партијата, која ве исклучи затоа што мислевте различно од нив. Кај нас тоа не се случува“, рече Мехмети.

Александар Тодески

 

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански