Избрани 14 претседатели на основни судови

Од:

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница избра 14 претседатели на судови.

За претседатели на Основен суд Берово е избрана Голубинка Козовска, за Основен суд Битола Дејан Крстанов, за Основен суд Велес Александар Шопов, за Основен суд Виница Благој Цикарски, за Основен суд Гевгелија Драги Дилберов, за Основен суд Делчево Миле Ѓоргиев, за Основен суд Кавадарци Зоран Јосифовски, за Основен суд Кичево Баки Алили, за Основен суд Крива Паланка Анкица Димитровска, за Основен суд Неготино Ацо Анѓелковски, за Основен суд Прилеп Јане Тренчевски, за Основен суд Скопје 2 Илир Сулејмани, за Основен суд Свети Николе Алободан Арсовски и за Основен суд Штип Емил Пилатов.

– Судскиот совет на Република Македонија на транспарентен начин за претседатели ги избра кандидатите кои ги исполнуваат условите и критериумите утврдени со Законот за судовите, и во постапка и на начин утврдена во Законот и Деловникот за работа на Судскиот совет, изјави по изборот претседателот на Судскиот совет на РМ, Бранко Ушковски.

За претседатели, како што рече, се избирани кандидатите кои покрај другите услови и критериуми во последните две години од страна на Судскиот совет преку АКМИС системот беа оценети со највисока позитивна оцена и во однос на другите кандидати имаат добиено најголем број бодови.

Честитајќи им го изборот Ушковски изрази надеж дека избраните претседатели ќе ја оправдаат довербата која им е укажана.

– Изборот на претседатели во двата суда во кои денеска не беа избрани, ќе биде извршен на некоја од наредните седници. Во наредниот период ќе продолжиме во Советот со секојдневните состаноци и за овие кандидати каде имаме широка можност за целосна и конструктивна расправа и за тоа каков е нивниот однос спрема граѓаните, потоа каков е односот спрема колегите судии и стручните соработници кој исто така е многу битен покрај останатите услови и критериуми утврдени со Законот, се со цел да го избереме за претседател најсоодветниот кандидат, истакна Ушковски.

Во врска со судијата Ѓоко Радојков, кој како кандидат ја повлече пријавата за избор на претседател на суд, Ушковски рече дека во периодот додека беше в.д. претседател на Основен суд Скопје 2, односно на најголемиот суд во Република Македонија должноста ја извршуваше на највисоко професионално ниво. – Тој во целиот период додека го водеше Судот успеа да биде меѓу најажурните и најефикасните судови во Македонија, додаде претседателот на Судскиот совет на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ