Избран централниот изборен штаб на ДПА за референдумот

Од:

Генералниот секретар на ДПА Имер Алиу ќе го предводи централниот изборен штаб на партијата за претстојниот референдум на 30 ти септември. Ова е решението на првата седница на новиот состав на централното претрседателство на ДПА, избрано на партискиот конгрес на почетокот од минатиот месец, што доцна попладнево се одржа во седиштето на ДПА во Тетово.

– Покрај мене како генерале секретар штабот го сочинуваат и партиските потпретседатели, министерот без ресор Бардиљ Даути, пратеничката Мерале Ферати како и претседателите на подмладокот и Форумот на жени. Претстојниов викенд ќе се формираат и штабовите во сите ограноци и подограноци на ДПА изјави Алиу.

Алиу го повтори партискиот став дека ДПА без никакво двоумење на реферндумот ќе биде За што е програмаска определба и на ДПА и на Албанците воопшто во Македонија за зачленување во ЕУ и НАТО.

– Имаме разбирање за сите скептици но ги замолуваме да асе приклучат и да гласаат За на реферндумот на 30 ти септември рече Алиу.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Партијата на Тачи нема да одбие ако добие покана за влез во Владата

Референдум во Република Српска на 25 октомври