Изборот на директор на ОТА е работа на пратениците, вели премиерот Заев

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не знае кој е новиот кандидат за директор на Агенцијата ОТА бидејќи тоа е работа на пратениците и оти за него е најважно да биде избран човек кој ќе биде професионалец и експерт.

– Им дадов само задача на пратеничката група бидејќи правеа консултации со мене да изнајдат професионално и експертско решение. Ме информираа дека е најдено решението. Ниту се интересирам, ниту ми треба да знам. Зошто? Затоа тоа е првиот исчекор дека сме научиле нешто од минатото, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Владата по потпишувањето на договори за финансиска поддршка за отворање бизнис- акцелератори за млади.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски