Избори на 5 јули ако нема консензус до сабота за измена на Изборниот законик

Од:

Доколку има консензус од сите политички партии да се измени Изборниот законик тогаш изборниот ден наместо недела односно 5 јули може да биде среда односно 8 јули, а наместо во сабота болните и изнемоштените да биде понеделник и вторник, кажа лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според него, засега договор нема, а таква можност постои до сабота, кога и завршува вонредната состојба што е единствен механизам за измена на Изборниот законик и пролонгирање на изборите за три дена.

„За жал знаете како, не е толку тешко да се биде паметен и да се фати можноста дали има можност за лидерска средба или не. Нема можност за лидерска средба и јас го разбирам претседателот Пендаровски кога вели: ‘Чуму да викам лидерска средба трета, кога пак ќе си одиме без договор. Барем да има некој ишарет, некоја близина за да се договориме за да се повика лидерска средба’. Останува можноста секако до крајот на денот, сабота кога завршува вонредната состојба. Тоа значи денешниот и утрешниот ден ни стојат на располагање. Колку и да сака некој нешто да менува, не можеме и по делот на Устав. Ниту можеме да свикаме Собрание, ниту можеме да го менуваме Уставот, ниту законите. Тоа е, единствена алатка ни останува вонредната состојба. Треба да знаат граѓаните, вонредната состојба е различно од рестриктивните мерки. Вонредната состојба е за економските мерки, ние уште вториот пакет правиме реализација, а третиот пакет стартува оваа седмица. Четврти пакет нема потреба“, рече Заев.

Тој кажа дека Владата не треба да прави сама промени во такви делови на Изборниот законик, бидејќи, како што вели, секогаш од самостојноста досега за вакви промени се постигнувало консензус од сите политички партии.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он