ИЗБОРИ 2016: Неутрален тон, но селективен новинарски пристап

Од:

Во периодот 21 – 24 ноември, Дневникот 2 на МРТ1 главно беше посветен на кампањата за предвремените парламентарни избори која започна на 21 ноември, а потоа следуваа и другите општествено-политички теми од земјава.

Според Изборниот законик, додека трае предизборната кампања, МРТ како јавен радиодифузен сервис има обврска во информативните емисии, 30 отсто од времето да им отстапи на дневните настани во земјата и во странство, 30 отсто на партиите од власта, 30 отсто на парламентарните опозициски партии и 10 отсто на вонпарламентарните партии.

Во мониторираниот период, на МРТ1 најмногу простор добија ВМРО-ДПМНЕ (просечно по 228 секунди), ДУИ (просечно по 223 секунди), СДСМ (просечно по 190 секунди), Коалицијата за промени и правда (просечно по 140 секунди) и ДПА (просечно по 121 секунди), а потоа следат ВМРО за Македонија, Левица, Либерална партија, Алијанса за Албанците, Беса. Редоследот на прилозите за власта, опозицијата и вонпарламентарните партии има ротирачки принцип, односно секојдневно се менува.

– Информациите и извештаите од предизборните митинзи и другите активности на политичките партии, во вестите на МРТ1 се издвоени со посебна шпица, а најавите на прилозите и тонот на известување на новинарите се неутрални и информативни.

– Новинарите редовно ги пренесуваат критиките и обвинувањата на владејачките партии насочени кон СДСМ и директно кон нејзиниот лидер Зоран Заев, особено за тоа дека опозицијата планира десктруктивни и „црни сценарија“ за државата и дека има намера да воведе двојазичност и кантонизација.

– Новинарите, информирајќи за активностите на опозицијата, во својот наратив не ги нагласија и не ги издвоија одговорите и демантите на СДСМ и на Заев за секојдневните обвинувања дека наводно сакаат да ја федерализираат Македонија. Кога станува збор за критиките на опозицијата спрема власта и владејачките партии, новинарскиот приод е поселективен и со забележливо отсуство на пренесување на критиките за криминал и незаконско прислушување, адресирани директно до ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Исто така, не беа објавени ниту повиците на лидерот на СДСМ за дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, упатени на првиот митинг на опозицијата.

– Во известувањето за митинзите и другите активности на политичките субјекти вклучени во предизборната кампања доминираат лидерите на партиите и нивните најблиски соработници, а главен фокус е ставен врз економијата и планираните мерки за подобар живот, за намалување на невработеноста, за унапредување на инфраструктурата, за подобрувaње на животот на младите и др.

– Новинарите ја пропуштија шансата проактивно да известуваат и да истражуваат за големото загадување на воздухот во градовите низ земјава, кое претставува тема од исклучителен јавен интерес. Во вестите редовно се известуваше за состојбите со аерозагадувањето, но главно беа пренесувани препораките на Град Скопје, а беа консултирани и лекари.

– Во првите два дена од кампањата, вестите на МРТ1 започнуваа со долги прилози (2,58 и 1,54 минути) за дводневната работна посета на претседателот Ѓорѓе Иванов на Софија.

– МРТ1 продолжува редовно да известува за актуелностите во судството, за активностите на СЈО, но и за важни социјални теми.

НВО Инфоцентар

ИЗБОРИ 2016: Мониторинг на МРТ1 (Дневник 2), Извештај број 4

e-infografik-04

Би можело да ве интересира

Сообраќајот и водоснабдувањето – најчести граѓански приоритети на локално ниво

Катерина Ѓуровски

Свесноста – најважна алка во заштита на приватноста и на личните податоци

Катерина Ѓуровски

Нема успешни локални политики без вклучување и учество на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Инцидент во зградата на МРТВ: Вработен во обезбедување нападнат од колега

Горан Наумовски

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Програмскиот совет при МРТ и ЗНМ: На нетранспарентен начин се крати буџетот на МРТ

Ана Ололовска