Вчера, околу 18,30 часот, во Тетово, на ул.„Киро Ристевски-Дрнц“, додека Р.Р. (17) од Тетово заедно со својот другар и сограѓанин Ш.С.(17) се движеле по улицата, биле пресретнати од две непознати лица.
Притоа, без повод и причина, едно од лицата на Р.Р. му задало еден убод со остар предмет, најверојатно нож во пределот на десното рамо, по што заминале од местото на настанот.
Р.Р. бил пренесен во КЦ-Тетово, каде му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување. СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителите.