26-годишен затвореник од Куманово избегал од затвор и ограбил продавница во Крива Паланка.
„На 16.4.2024 во 3.30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.З.(26) од Куманово. Тој се сомничи дека, откако избегал од казнено – поправна установа, од продажен објект во Крива Паланка одзел предмети и пари“, велат од МВР
Крадецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.