Избегал од Македонија за да не оди во притвор – Убиениот Македонец во Приштина се поврзува со ликвидацијата во Шиша Бар

Од:

Блерим Дачи е лицето кое синоќа беше убиено во престрелка во Приштина. Возилото во кое е пронајден убиенот Дачи било со македонски регистарски таблички, a на околу еден километар од местото на инцидентот е пронајдено запалено возило со германски таблички, кое се претпоставува дека е користено за убиството. Во запаленото возило се пронајдени и два калашникови, за кои полицијата се сомнева дека се употребени за убиството на Дачи.

Дачи и е познат и на македонската и косовската полиција бидејќи се занимавал со трговија со дрога. А според информациите на А1он тој бил осомничен и во тековни истраги на обвинителството во Македонија, а за тоа добил и притвор по барање на обвинителството.
Оваа информација за А1он ја потврдија и од Кривичниот Суд во Скопје. Прво му бил одреден куќен притвор, па преиначен во затворски притвор, по што лицето избегало и полицијата по него распишала потерница.

„ Согласно направените проверки во системот, за лицето за кое прашувате на 10.11.2022 година донесено е решение со кое му се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, по предлог за обезбедување присуство на осомничено лице од Основнот јавно обвинителство, заради постоење на сомнение за кривично дело од чл. 396 односно недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје.

По жалба на ОЈО – Скопје, Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, на 24.11.2022 година ја преиначил одлуката од претходна постапка со што на лицето му е определна мерка притвор, истовремено, согласно решението надлежната полициска станица е известена веднаш да го спроведено лицето од куќен пртивор во КПУ Затвор Скопје.

И покрај определната мерка притвор, судот на 29.11.2022 година од надлежното МВР е известена дека обвинетиот воопшто не се придржувал ни кон мерката куќен притво по што е донесено решение за мерка притвор од пронаоѓање односно лишување од слобода како и издадена наредба за потерница и согласност за распишување меѓународна потерница.„ , велат од кривичниот суд за А1он.


Сепак според некои медиуми токму името на Дачи е поврзано и со мафијашката ликвидација во Шиша Бар во чаршија од пред неколку месеци. Но нема детали околу тоа дали обвинителството го истражувало и за овој случај.

Дачи е убиен синоќа на улицата „Ц“ во Приштина. Според медиумите бил изрешетан во возилото со оружјекалашников, калибар 7.62 милиметри,
Според некои медиуми убиениот бил повратник од Пакистан, а имал документи со променето презиме и се преставувал како Блерим Шабани.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина