Избега пациент и се обиде да убие човек, Левица бара разрешување на Жан Лозановски – директор на болницата во Демир Хисар

Од:

Партијата Левица алармира за скандалот со пациент кој избегал од психијатриската болница во Демир Хисар, при што повредил едно лице во Прилеп.

Според информациите, лицето издржувало мерка задолжително психијатриско лекување, а при бегството се упатил во Центарот за социјални работи во Прилеп каде што пукал со пиштол кон вработена во Центарот, а имало и расправија со директорот на Центарот.

„Против сторителот биле водени соодветни кривични постапки, но и покрај сите информации за него, сепак лицето успеало да избега, што е сериозен индикатор за аномалиите во работењето на оваа установа. Се поставува прашањето, како бегалецот успеал неколку дена да биде надвор од болницата?! Политичката партија Левица бара итно разрешување на Жан Лозановски, директорот на ЈЗУ Психијатриска болница во Демир Хисар, како кадар на коалициониот партнер – ЗНАМ. Поради крајно лошо менаџирање со болницата, таа со години наназад, но и денес се наоѓа во очајна состојба“ велат од Левица.

Посочуваат дека „Претходно, за оваа болница и вработените алармираа за очајната состојба и лошото менаџирање кои се континуирани и по доаѓањето на директорот Жан Лозановски. Ниту една машина за перење не е во функционална состојба и вработените се принудени да позајмуваат алишта за пациентите од Црвениот крст. Дополнително, вработените кои работат со години со договори на определено време, секоја година се во неизвесност дали ќе им биде продолжен договорот“.

„После ваквиот скандал со бегство на пациент, при што беше загрозена безбедноста и на други лица, потребно е министерот Таравари веднаш да го разреши директорот Лозановски и да се утврди одговорност за сериозниот пропуст поради кој дојде до загрозување на животот на едно лице“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Буџетот наместо развој нуди нов циклус на задолжувања и безнадежност

Левица: Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси добија приватните превозници

А1он

Левица: Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите

А1он

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат