Исламската верска заедница ќе ја бојкотира Меѓународната конференција за меѓурелигиски дијалог што за два дена се одржува во Скопје.
Во писменото соопштение ИВЗ вели дека конференцијата е лицемерие и дека во Македонија има се, само не и меѓуверски и меѓукултурен дијалог меѓу заедниците кои живеат тука.
Од ИВЗ велат дека на трпението му дошол крајот и затоа ИВЗ не може да чека за да се решат прашањата акумулирани со години како што се Чарши џамија во Прилеп, џамијата во Лажец, крстовите над саат кулите во Прилеп и Битола.
ИВЗ во писменото соопштение изразува и незадоволство од враќањето на национализираниот имот на ИВЗ, недоделување на земјиштето за изградба на џамија во центарот на Скопје како дел од проектот 2014-та.
Идејата за бојктот според соопштението на ИВЗ постоела и на конференцијата која пред 3 години беше одржана во Охрид.
Соопштението, ИВЗ, го заокружува со барање за изградба на Чарши џамија во Прилеп, на џамијата во Лажец – Битола како и доделување на локација за резиденција и Културен центар за ИВЗ и употреба на албанскиот јазик на конференцијата.