ИВЗ обвинува за исламофобија, оти државата не им го враќа имотот

Од:

Исламската верска заедница тврди дека поседува имот во половина Скопје, кој бара да си го врати преку процесот за денационализација. Меѓу имотот што ИВЗ го бара влегуваат плацови каде што е изградена Судската палата, дел од Македонска радио-телевизија, железничката станица, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Народната банка, Националната библиотека, Црвениот крст. Тие имаат доставено над 350 барања за враќање на имотот. Досега 15 отсто од имотот им е вратен, за 30 отсто се обесштетени со обврзници, а за 55 проценти од имотот чекаат одлука, но има и имот што државата одбила да им го врати. Тоа што државата не им го враќа имотот, од ИВЗ велат дека го доживуваат како исламофобија.

„Ова не се проблеми од денес или од доаѓањето на оваа Влада. Имотот е од Втората светска војна кога се национализирал. Со донесување на Законот за денационализацијата ИВЗ достави барања во 1998 година. Ние бараме 4 милиони квадратни метри земјиште и 42 илјади квадратни метри во објекти“, рече директорот на имотите во ИВЗ, Дритон Дикена.

Дикена повикува на дијалог оти Владата им ветила дека ќе преземе конкретни чекори за враќање на имотот, но тоа не го остварила. ИВЗ не знае што конкретно ќе преземе по овие прашања, а став ќе изгради по изборите.

„Изминува втората година од функционирањето на таканаречната реформска Влада, а ИВЗ нема конкретен одговор, а камоли реализација на барањата. Нашето незадоволство не е измислено, туку е плод на нефукционирањето на институциите. Ние се чувствуваме дискриминирани во процесот за денационализација. Играњето топло-ладно и празните ветувања дека ќе се решат проблемите ја минаа границата на нашето трпение. ИВЗ е навредена од квалификацијата дека писмото што го пративме до Владата претставувало уцена. Во нашиот код на однесување не живеат уцената и заканата, други се тие што уценуваат“, велат од ИВЗ.

Исламската верска заедница смета дека тие најмногу придонеле за почитување на принципот на соживот и меѓусебно разбирање. Тие ѝ порачаа на Владата дека одземањето туѓ имот е грабеж, а селективниот однос кон верските заедници во процесот за денационализација е дискриминација.

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исласмата верска заедница. Кога ИВЗ упати писмо до Владата во кое наведе дека ќе ги извести верниците од сите 700 џамии оти државата не им го враќа имотот, оттаму реагираа дека ИВЗ им се заканува, ги уценува и им поставува ултиматуми.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска