ИВЗ: На Курбан Бајрам заборавете ги раздорите

Од:

Курбан Бајрам е празник на славење на извршувањето на петти исламски столб-Хаџот, кој во едно е собир на сите муслимани во светите места, а меѓу нив хаџии и од нашата земја. Затоа овој празник треба да се користи за извршување на пораките на нашиот заеднички Створител, а тоа е да се запознаеме меѓу себе, да чиниме добро и да се сакаме а не да се мразиме, вели во пораката до верниците по повод Курбан Бајрам поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

Тој честитајќи им го големиот празник на верниците им порачува дека кај Алах не стигнува ниту месото нику крвта на курбанот, туку само нивното верување и побожност.

– Вие што имате материјална можност да колите Курбан, чинете го тоа во име на Возвишениот Алах и овој празник ќе биде по свечен низ вашето приближување и солидарност, немојте да дозволите вашиот брат, вашиот комшија, вашиот пријател и сиракот да ја чувствуваат вашата негрижа. Заборавете ги вашите меѓусебни несогласувања, раздори и заговори, затоа, смирувајте, честитајте и однесувајте на исламски начин, рефлектирајте од светлото на вашето верување за да го постигнете задоволството на Возвишениот Створител, се вели во пораката.

Во неа тој на верниците им посакува спокојство, среќа и задоволство во текот на празничните денови на Курбан Бајрам, со молба Алах да ги прима нивните ибадети, вклучувајќи и колењето на курбаните во Негово име, како и на сите овогодишни хаџии да им го прими хаџот.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска