А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ИВЗ до Божиновска: Прво да се решат проблемите со џамиите во Прилеп и во Лажец и со звучноста на камбаните

by А1он26/09/2013 - 20:12183
Share0

Прво да се решат проблемите со џамиите во Прилеп и во Лажец и со звучноста на камбаните а потоа за новите какви што се случајот Октиси или звучноста на езанот на џамиите, услов е кој ИВЗ вчера и го постави на Валентина Божиновска, директорка на Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, пренесе Дневник.

Добивај вести на вибер

Освен ова, оваа верска заедница директно ја обвини Божиновска за „манипулацијата што државните органи ја правеле со неколку невладини организации со барањата за забраната на езанот“. Со ова, практично, станува крајно неизвесно дали во наредните денови воопшто ќе има средба меѓу архиепископот г.г. Стефан и реис-ул-улема Сулејман Реџепи на која би се нашло решение за изградбата на параклисот во струшкото село Октиси. Градбата, познато е, ја попречија исламските верници од селото откако на тоа ги повикаа двајцата имами од селската џамија. Божиновска пред десетина дена најави дека двајцата верски поглавари се согласиле да се сретнат за да најдат решение. Досегашното одлагање на средбата се објаснуваше со „службеното патување“ на реисот, а што сега излегува дека не било единствена причина.

– Пред три дена од Kомисијата ни се јавија со барање за заедничка средба на реисот Реџепи, Валентина Божиновска и архиепископот Стефан. Ние им одговоривме барањето да го достават во писмена форма и да се наведе и намерата на оваа средба. Ние одговоривме дека ако се работи за случајот „Октиси“ или за звучноста на џамиите, тогаш не може да се бара решение за нови случаи, а да се избегнат веќе постојните, какви што се прашањата со џамиите во Прилеп и во Лажец и звучноста на камбаните – изјавија вчера во кабинетот на реис-ул-улема Реџепи.

Божиновска одговори дека државата на рамноправна основа и преку дијалог ги разгледува сите барања.

– Нема потреба една верска заедница да уценува ако ние претходно побаравме помош да се реши одреден проблем – нагласи таа.

Истовремено, во соопштението објавено вчера на нивната интернет -страница ИВЗ наведува дека Божиновска досега често изразила несвеснот, човечка и духовна некултура. Оваа верска заедница смета дека таа дава неконтролирани и несовесни изјави.

ivz

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Горан Наумовски31/01/2024 - 15:16

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

Катерина Ѓуровски05/12/2023 - 14:50

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски29/06/2023 - 15:0029/06/2023 - 15:02

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Катерина Ѓуровски16/05/2023 - 08:42

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска05/05/2023 - 17:38

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска03/02/2022 - 12:3403/02/2022 - 13:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен