Иво Ивановски за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Актуелниот министер за информатичко општество Иво Ивановски, владејачката ВМРО-ДПМНЕ размислува да го кандидира за градоначалник на Битола, на претстојните локални избори дознава А1 од партиски извори.

Во Ивановски, велат нашите извори, владеачката партија гледала сериозни шанси да се спротивстави на кој и да било кандидат на СДСМ, а пресудни би биле и успесите во раководењето со министерството за информатика.

Ивановски инаку дипломирал информатика на Универзитетот Охајо Стејт во САД и 11 години престојувал во Америка, што исто така одело во негов прилог. Противкандидат на Ивановски во внатрепартиските избори е актуелниот битолски градоначалник Владимир Талевски, кој пројавувал желба за трет градоначалнички мандат, но според извори во ВМРО-ДПМНЕ, шансите да го кандидираат повторно Талевски биле минимални. Во игра за градоначалничка кандидатура е и новиот координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Зоран Илиовски.

А1 објави дека кандидат на опозиционата СДСМ во Битола ќе биде приватниот бизнисмен Васко Ковачевски, меѓутоа партиски извори информираат дека во игра се уште неколку кандидати.

Слично е и во Охрид, градот кој и двете партии сакаат да го имаат под своја капа. Извори од СДСМ за А1 велат дека минатата недела во Охрид меѓу членството била спроведена анкета со неколку имиња како можни кандидати. За прв човек на Охрид се споменува актуелниот Александар Петрески кој отворено на неколку пати јавно ги промовираше своите апетити.

Но овој пат битката во СДСМ за Охрид ќе биде тешка, затоа што во игра се и луѓето кои на Петрески му помогнаа да го добие претходниот мандат, сегашниот пратеник Митре Велановски, претседателот на ОК на СДСМ , Науме Јовановски, како и Владо Чингоски актуелен советник на Петрески.

Сепак СДСМ кандидатот за Охрид ќе го објави дури наесен , односно во октомври по договорот со коалиционите партнери, кои не кријат дека ќе го поддржат Петрески како заеднички кандидат.

За ВМРО ДПМНЕ за Охрид се споменуваат исто така неколку имиња.

Меѓу нив претседателот на ОК Атанаско Михаилов, пратеникот Хари Шокароски, доктор Никола Бакрачески, Јордан Размоски поранешен полициски функционер во пензија, Дејан Пановски, како и екс пратениците Цветко Грозданов и Анита Кипаризовска Крстевска.

Но, барем за сега на никој не му се дава поголема предност. Владејачката партија внимателно овој пат ќе оди во изборот на кандидат за да не им се случи повторно пораз во Охрид.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Не постои законска можност Владата со заклучок да прогласува дополнителни неработни денови за да се гласа

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

СДСМ: На Македонија и треба единство за членство во ЕУ, а не за мораториум

(ВИДЕО) Максим Димитриевски во Ѓорче Петров: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Орце Костов

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Орце Костов

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов