Ивица Краљ во посета на Охрид

Од:

Во посета на Охрид денес е познатиот некогашен српски репрезентативен голман на ФК „Партизан“, Ивица Краљ.

Тој заедно со претставници од локалната самоуправа на Шабац, оствари работна средба со градоначалникот на општина Охрид, д-р Јован Стојаноски.

На средбата меѓу другото се разговараше за можноста фудбалски екипи од Р. Србија да имаат подготовки за натпревари во Охрид како и да се организираат тренинг кампови. На состанокот се разгледуваа и можностите за идна економска соработка меѓу двете општини, Охрид и Шабац.

Некогашниот репрезентативен голман, Краљ кој е актуелен претседател на ФК „Мачва“ од Шабац, попладнево со претставници од општина Охрид ги разгледува спортските капацитети на градов.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ