Ивица Коневски ја промовира својата програма за претстојните локални избори

Од:

Граѓаните на општина Аеродром во изминатите четири години се уверија дека Ивица Коневски е најдобрата опција за градоначалник. Тогаш победи во првиот изборен круг, а така ќе биде и на овие локални избори, нагласи претседателот на Владата и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На промоцијата на Програмата за престојните локални избори на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во општина Аеродром, Ивица Коневски, Груевски посочи дека тој е човек што го исполни ветеното, и оти направи многу повеќе за општината.

– Општина Аеродром е сликата за модерна и современа општина, ова е местото каде покажавме дека ако се работи заеднички, посветено, одговорно и чесно може да се постигне многу повеќе, истакна денеска кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.

Пред четири години, како што рече, кога му било доверено управувањето со Општина Аеродром, за него тоа претставувало голема чест, но и уште поголема обврска пред граѓаните.

– Оттогаш до денес, нашата општина прерасна во најурбана општина во Македонија. Денес Аеродром е едно од најпосакуваните места за живеење. Урбаноста не се должи само на релативно младата популација која е населена, туку и на новите содржини кои ја направија нашата општина исклучително атрактивна, нагласи Коневски.

Во своето обраќање истакна дека многу запуштени делови на општината се преуредени во зелени зони, паркови со пропратни содржини и реквизити достапни за граѓаните.

– Голема придобивка за граѓаните е тоа што Општина Аеродром за наводнување на овие тревни површини повеќе не користи технички исправна вода која сè повеќе станува редок светски ресурс, туку користи алтернативни начини за наводнување, рече Коневски и додаде дека во изминатиов период изградени се 15 подземни бунари кои обезбедуваат доволно количина на вода неопходна за наводнување на зелената површина.

Аеродром, како што посочи, е општина со најмногу зеленило по глава на жител и во споредба со европските стандарди оваа општина има три пати повеќе зеленило.

– За добро образование на нашите деца, покрај добри наставници и наставни програми, неопходни се современи услови за одвивање на наставата. Затоа започнавме со изградба на ново училиште и нова градинка во реонскиот Центар Аеродром и спроведовме голем проект за комплетна реконструкција на сите основни училишта и градинки. Дополнително, Аеродром ја доби првата енергетски ефикасна градинка во Република Македонија, истакна тој.

Еден од најголемите проекти на Општина Аеродром, како што истакна, е изградбата на повеќе од 30 километри фекална канализација и исто толку асфалтирани патишта.

– Аеродром е прва општина која воведе бесплатно зонско паркирање за граѓаните кои живеат на местата каде што се реализира овој проект. Како модерна и урбана населба, општината го има Првиот монтажен паркинг. Исто така изградивме нови 17 паркиралишта со над 2.000 нови паркинг места и ги исчистивме и осветливме сите подземни гаражи…, рече Коневски.

Во својот говор тој посочи дека спортот ги зближува граѓаните и е пресуден за здрав психофизички развој на децата и младите, поради што општината реализираше низа проекти за развој на спортот, меѓу кои изградба на мултифункционален центар со тениски игралишта и фудбалско игралиште покрај Вардар.

Би можело да ве интересира

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Горан Наумовски

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Нема плата ако не гласате, не може да извадите возачка, парични казни – Земји каде гласањето е задолжително