Ивановски: Во март по изборите Груевски ќе нареди ново поскапување на струјата

Од:

Власта не успеа да собере кворум за гласање за предлог на одлуката  за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2013 година и за предлог на финансискиот  план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2013 година. Гласањето ќе се изврши утре.

Регулаторната комисија беше на тапет пред опозицијата. И забележуваат зошто во време на криза, Комисијата се луксузира, предвидува  бработувања на , како што рекоа 6 нови партиски војници, за предлогот да си ги зголемат платите, зголемување на парите  за репрезентација зголемувате, канцелариски материјал, патувања,адвокатски услуги.

„Над милион евра ве плаќаат и за вас одвојуваат граѓаните за да ги штитите нив. Планирате да ги покачите платите за 25,31 %.  Претседателот на Комисијата има 2 и пол пати поголема плата од пратениците, поголема и од Претседателот на државата. Ефтината тарифа е укината на незаконски начин. Дајте си оставка за доброто на граѓаните , ама и за ваше добро’, порача Марјамчо Николов.

Не е се црно ниту во Владата ниту во регулаторната комисија како што критикува опозицијата, врати опозицијата.

„Имаме најниска цена на струјата , ако не го продадевте ЕСМ цената ќе беше пониска.Имаме и најмала задолженост по жител ,околу 1.300 евра по жител, а другите повеќе. Во време на ВМРО-ДПМНЕ се зголемија платите и пензиите, се намалија акцизите за возила, имаме бесплатно бањско лекување“, реплицираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Кочабашиев.

Претседателот на комисијата објаснуваше дека Димитар Петров се  непрофитабилна организација, само ги пренесуваат парите кои се планирани за наредната година. Зголемениот број на вработени и барањето повеќе пари е поради зголемениот  обем на работа.

„Ги зголемувате цените, за да имаат монополите поголем приход, и вие имате вишок пари.Јас ви зборувам за Бабуна, а вие за Атлански океан. Оваа влада нема изградено ни еден енергеткси објект“, рече Марјанчо Николов.

Вие сте партиски војник Немате допир со реалноста. Се луксузирате. Цехот ќе го платат граѓаните со повисоки сметки. За парното имате законска обврска да го пуштите на 15-те октомври а радијаторите се студени“, рече Горан Сугаревски.

Координаторот на СДСМ, Игор Ивановски, како последен дискутант рече дека Регулаторната комисија  е партиски инструмент, цените ги определува партиско-бизнис крило, а Петров е само пенкалото кое го потпишува.

„Поскапувањата се директни последници на одлуките во Владата. Секое поскапување оди од мобилниот телефон на Груевски, тој ги определува цените.Работењето во енергетиката е за одредена група да заработи повеќе. Цените се зголемуваат по барање на државните ЕЛЕМ и МЕПСО и делумно по приватната ЕВН. Ви паднаа во вода лагите  дека поскапувањето е поради делумна продажба на ЕСМ пред 7 години. Власт сте толку, зошто не исконтролиравте.

– Има две фирми кои заработуваат екстра 7 години, кога е ВМРО на власт РЕК Битола не работи како што треба, таму има неспособни луѓе кои намерно го паѓаат системот.  Зошто не кажете дека од март по изборите ќе има ново поскапување на струјата? Кривични  пријави ќе поднесеме против сите, ќе одговарате, ова е голем бизнис. А се се зема од џебот на граѓаните . Топлификација ќе ја купат блиски луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, а Груевски во март ќе нареди нови поскашувања на струјата“. Рече Ивановски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште