Ивановски: Вељаноски во име на власта обзнани сценарио за партиски пуч во оваа држава

Од:

СДСМ пред почетокот на продолжението на координацијата кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, побара од првиот парламентарец да го повлече неговиот предлог за писмен одговор за тоа дали се прифатливи амандманите за буџетот обвинувајќи го за партиски пуч.

– Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во име на власта обзнани сценарио за партиски пуч во оваа држава, со кое треба да се погази, поништи Уставот, Деловникот, начинот на функционирање на ова Собрание во изминатите 20 години, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски.

Toj најави дека на средбата ќе оди во име на опозициските пратеници со последен апел до претседателот на Собранието да се откаже од ова сценарио.

– Да престане да ги слуша наредбите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој нема ни поголем ни помал мандат од останатите пратеници во ова Собрание. Се надеваме дека ќе се откажат од ова катастрофално сценарио. Во спротивно, сите последици што ќе произлезат доколку останат на ова сценарио однапред најавуваме дека ќе бидат резултат или одговорност само на власта, на владејачката коалиција и на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, изјави Ивановски.

Појаснувајќи за каков предлог станува збор, координаторот на пратеничката група, рече дека според планот предвидено било вицепремиерот и министер за финансии во текот на денот да достави ставови „за“ или „против“, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија да не заседаваат, пратениците од мнозинството писмено да му вратат на министерот дека се согласуваат со него, и на крај претседателите на комисиите да потпишат извештај во којшто без дебата буџетот е завршен.

– Ако претседателите на комисиите тоа не сакале да го потпишат ќе го направеле мнозинството пратеници, пак, со писмо, изјави Ивановски според кого ова досега е вовед во најопасното сценарио.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166

(ВИДЕО) Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Многу е важно избраните градоначалници и советници да добијат легитимитет од голем број граѓани

Горан Наумовски

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски